Ажурирање за Sony Xperia 1 ја подобрува стабилноста на камерата

12.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ажурирање за Sony Xperia 1 ја подобрува стабилноста на камерата

Sony Xperia 1 почнува да добива нова софтверска надградба, која не е голема, но би можела да биде битна, бидејќи донесува подобрување на квалитетот на сликата и зумирањето за камерата на телефонот.

Ажурирањето имплементира интерфејс за камерата кој повеќе е оптимизиран и кој овозможува севкупно постабилно искуство на фотографирање. Сите овие подобрувања веќе некое време се очекуваат за камерата на Xperia 1, на која и беа потребни подобрувања на стабилноста и перформансите.

Покрај ова, Bluetooth конекцијата за слушалките би требало да биде постабилна. На крајот, телефонот добива и најнови сигурносни закрпи, за септември 2019.

Ажурирањето за Sony Xperia 1 ја носи ознаката build 55.0.A.6.56, а на корисниците ќе им пристигнува во фази во текот на следните неколку дена.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата