Општина Центар објави повик за субвенции за поправка и санација на кровови и лифтови на станбени згради

12.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Општина Центар објави повик за субвенции за поправка и санација на кровови и лифтови на станбени згради

Општина Центар распишa јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и лифтови на станбени згради на подрачјето на општината.

Субвенцијата опфаќа исплата на финансиски средства во висина од 30% од вкупниот износ, но не повеќе од 150.000 денари за санација на кров и 30% од вкупниот износ, но не повеќе од 300.000 денари за санација на лифт.

Jавниот повик за реконструкција на кровови се однесува на замена на постоечки азбестни салонитни покривачи со еколошки и реконструкција на рамни проодни и непроодни тераси. Додека, финансиската поддршка за поправка на лифтови се однесува на оние за кои е утврдено дека се технички неисправни. Субвенцијата опфаќа модернизација на лифтовите и нивно усогласување со безбедносните стандарди.

Апликациите треба да бидат поднесени од сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од Управител на станбени згради или Заедница на сопственици апликант.

Барањата за користење на мерката се поднесуваат на пропишан образец кој сите заинтересирани можат да го подигнат на пријавницата во барака 3 и/или во архивата на Општина Центар – барака 6 , но истиот можат да го превземат и од веб-страницата на Општина Центар.

Селекцијата на апликациите ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на средствата. Апликациите можат да се достават во период од 16 до 30 септември.

Минатата година мерката за субвенционирање реконструкција или санација на лифтови и кровови беше применета на 26 станбени единици на територија на Општина Центар.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата