Во следните 10 дена затворен за сообраќај крак од улицата „Христо Татарчев“

12.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во следните 10 дена затворен за сообраќај крак од улицата „Христо Татарчев“

Од денес, па во следните десет дена за сообраќај ќе биде затворен крак од улицата „Христо Татарчев“, и тоа на потегот од Енергосистем до новиот кружен тек. Целокупниот сообраќај од Припор и кон Припор ќе се одвива по споредната улица (околу објектот на Енергосистем). Од Град Скопје велат дека причина за ова се градежни активности, односно заради поставување попречна решетка за прифаќање атмосферски води.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваат сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата