Бахами: 2.500 луѓе се водат како исчезнати по ураганот, во тек е проверка на списокот

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бахами: 2.500 луѓе се водат како исчезнати по ураганот, во тек е проверка на списокот

Официјални лица денеска соопштија дека околу 2.500 луѓе на Бахамите се водат како исчезнати по ураганот Доријан.

Портпаролот на Националната служба за управување со кризи, Карл Смит, истакна дека списокот на исчезнати не е проверен, односно не е утврдено дали некој што се наоѓа на него е во привремените прифатилишта.

Тој појасни дека во моментов се проверува базата на податоци.

Во ураганот во Бахамите загинаа 50 луѓе, а илјадници се сместени во привремени засолништа.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата