СДСМ не сака договор за Обвинителство! Го контролира ЈО и Советот, договор не му ни треба

10.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СДСМ не сака договор за Обвинителство! Го контролира ЈО и Советот, договор не му ни треба

Нема напредок во преговорите помеѓу лидерите Зоран Заев и Христијан Мицкоски и нивните тимови, на лидерската средба која вечерва се одржува во Собранието на Македонија. Претставниците на власта во вечерашните разговори со нивните ставови ги враќаат преговорите на почетни позиции, со што очигледно е дека преговарачкиот тим на чело со Зоран Заев не сака договор.

СДСМ, според она што Вечер го дознава, преговорите ги води арогантно и со силно видлива намера да нема договор што е и очекувано откако пред оваа формална средба СДСМ успеа да спакува свој Совет на обвинители кој го разреши единствениот судски функционер кого СДСМ го нема под контрола, претседателот на Врховниот суд Јово Вангелов.

Претходно, Советот на обвинители свесно доцнеше со разрешување на Катица Јанева од шеф на СЈО за да се извлече од неа писмо со кое таа, а не Собранието со закон, ги предава сите предмети на СЈО во надлежност на Јавното обвинителство а потоа без нов закон за ЈО Советот на обвинители најави одлука дека обвинителите од СЈО ќе бидат преземени во Јавното обвинителство за организиран криминал и ќе продолжат со предметите кои претходно ги водеа во СЈО.

Практично, речиси се што требаше да биде предмет на преговори помеѓу Заев и Мицкоски, односно СДСМ и ВМРО ДПМНЕ владата го заврши пред преговорите онака како што ним им одговара, а потоа седнаа божем да преговараат од формални причини. ВМРО ДПМНЕ се обидува да ја наметне темата за Рекет, но СДСМ тоа глатко го одбива бидејќи нема принуда за тоа, а за вонредни избори се тема која ќе се спомне факултативно, ќе се бега со оправдување дека се очекува влез во НАТО и почеток на преговори со ЕУ а потоа ќе видиме. ВМРО ДПМНЕ се обидува да ја наметне темата за Рекет, но СДСМ тоа глатко го одбива бидејќи нема принуда за тоа, а за вонредни избори се тема која ќе се спомне факултативно, ќе се бега со оправдување дека се очекува влез во НАТО и почеток на преговори со ЕУ а потоа ќе видиме.

А СДСМ работите пред преговорите ги заврши на свој начин: според изјава на градоначалникот на Сарај Заев барал од него да влијае со ДУИ во Советот на обвинители кај двајца членови за смена на претседателот на Врховен суд Јово Вангелов, што денес и се случи. Потоа, дојде до смена на чело на Советот на обвинители, и работата се изврши како што нарача Заев. Катица Јанева, од притвор, изврши трансфер на предметите и обвинителите од СЈО без нов Закон за ЈО, и без овластувања за тоа бидејќи писмото на Катица Јанева од затворот во Шутка, за потреби на СДСМ, не е и не ни можело да биде службен допис пред се од формални причини - без заверка во архивата на СЈО, печат на инстутуцијата и одлука на Собранието бидејќи Катица Јанева изврши укинување на СЈО без да има мандат за тоа.

Согласно методите на Заев и СДСМ, Катица Јанева за ова ќе биде наградена на повеќе начини: нема гонење на нејзиниот син Лазар Јанев кој и формално е потписник на договорите за фантомските старски домови на Боки 13 со кои е вршен рекет, а сосема е за очекување е дека Катица Јанева или ќе добие куќен притвор, или ќе се донесе идлука да се брани од слобода. Она што Катица Јанева го направи за Орце Камчев за пари, сега СДСМ го прави за Катица Јанева.

После се, преговорите за нов Закон за ЈО за Заев се излишни, губење време и тапани после свадба.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата