Српската водителка на која ѝ беше откината раката е надвор од животна опасност

7.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Српската водителка на која ѝ беше откината раката е надвор од животна опасност

Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ, на која ѝ беше откината раката во сообраќајна несреќа што се случи утрово во Белград, е стабилна и е надвор од животна опасност, пренесуваат српските медиуми. Операцијата траела пет часа, а од Воената болница соопштиле дека првата фаза на пресадување завршила уредно.

Во соопштението на Воената болница се наведува дека треба да се има предвид дека станува збор за комплексна операција по која следи долг период на заздравување и дека по такви тешки повреди на екстремитетите неблагодарно е да се предвидат деталите за понатамошниот тек на лекувањето.

Српската водителка остана без рака откако автобус налетал на неа. Ѓурѓевиќ првин имала сообраќајна несреќа, излегла од возилото за да разговара со другиот возач. Во тој момент на неа налетал автобус, кој ѝ ја откинал раката.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата