„Гугл“ ги отфрли обвинувањата на Москва

9.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Гугл“ ги отфрли обвинувањата на Москва

Компанијата „Гугл“ соопшти дека поддржува одговорно политичко огласување во рамки на локалните закони на секоја земја.

Соопштението е објавено откако Москва го обвини „Гугл“ дека дозволил политички реклами за време на регионалните избори во Русија кои се одржаа вчера и покрај барањето спорното огласување да биде забрането.

„Гугл“ одби да разјасни дали е дистрибуирано такво огласување.

Компанијата „Фејсбук“, како одговор на истите обвинувања од Москва, соопшти дека токму локалните огласувачи, а не компанијата, се одговорни за почитување на изборниот закон.

Државната агенција за комуникации и медиуми „Роскомнадзор“ вчера соопшти дека „Гугл“ и „Фејсбук“ објавиле политички реклами за време на изборите.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата