Кога шефот на СДСМ ќе се опушти... ЕВЕ ГИ СТАП ПИЈАНИ ПО СКАЛИ!

8.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кога шефот на СДСМ ќе се опушти... ЕВЕ ГИ СТАП ПИЈАНИ ПО СКАЛИ!

Сретан Јовановски, активист и претседател на Месен Одбор во СДСМ Крива Паланка е фотографиран како пијан лежи на улица, пишува Економски лидер.

Сретан Јовановски, активист и претседател на Месен Одбор во СДСМ Крива Паланка, вработен во Детска Градинка Детелинка, близок човек на Градоначалникот Борјанчо Мицевски и ГенСекот Љупчо Николовски, често виден во нивно друштво и на други политичари од власта.

Овој човек покажува примери во доцните часови за поведение во јавноста. Опиени од живот или не, убави примери се оставаат за децата во градот како и за децата од институциијата во која е вработен, секако и одлични впечатоци на дело за тоа какви се кадрите од Социјал демократскиот Сојуз.

Пиењето и алкохолот се непријатели на луѓето, санкција за вакви функционери мора да има! Имаме одлични искуства по институциите во Крива Паланка за користењето на Дрегерите за вработените, па не би било лошо, Градоначалникот и Директорот на таа Установа да се погрижат не селективно. Ова е повеќе од скандал, помогнете на човекот и на дечињата да не гледаат вакви работи низ градот, пишува Доказ.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата