Карлеуша и Врањеш повторно „се спукаа“

7.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Карлеуша и Врањеш повторно „се спукаа“

Иако Јелена Карлеуша најави тужби за сите медиуми кои го започнаа скандалот и пишувањата за нејзината врсак со Огњен Врањеш, „Информер“ објави нови пораки помеѓу српската пејачка и фудбалерот.

Во пораките кои Карлеуша во 2017 година му ги испраќала на Огнен, таа на својот љубовник му ветувала брак, поточно дека целиот живот ќе го минат заедно.

Тој на 18 октомври во 2017 ѝ испратил видео на „Инстаграм“ од мечот АЕК – Ксанти на кое три дена претходно постигна гол, а пејачката веднаш го пофалила дека тој е нејзината гордост. Потоа продолжиле со пораки.

Во една од пораките Врањеш ѝ вели дека му е многу непријатно што пејачката до толку го пази и милува, па дури и му ги масирала нозете, на што таа возраќа:

Глупости! Јас секогаш ќе ти ги милувам уморните стапалца и ќе ти ги масирам златните ноџиња. И ќе ти готвам, и пуш.м, поддржувам, ќе те разбирам и ќе верувам во тебе, поради тоа што те сакам и затоа што тоа го заслужуваш. Бебо, ако навистина ме сака, ќе го имаме целиот живот за да уживаме. Мене секој ден ми е сè потешко без тебе, пишува Јелена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата