Ахмети: Рекет не е сценарио туку алчност и сплет на околности

25.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ахмети: Рекет не е сценарио туку алчност и сплет на околности

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети смета дека последните настани со случајот „Рекет” и притворањето на специјалната обвинителка не се сценарио, туку сплет на околности кои треба до крај да се расветлат.

– Пред лицето на правдата треба да биде изведен секој кој ги прекршил законите. Не сметам дека ова е сценарио на некакви кругови и наметнато од страна. Тоа настанало во околности кои треба да се истражат и расветлат. Тука станува за личната алчност на поединци. „Алчноста го уништува човекот” е израз на нашиот народ кој сé се објаснува. Секако дека е скандал и тоа ме разочара, рече Ахмети.

Тој во изјавата за актуелните состојби во земјава по посетата на гостиварските села Лакавица и Србиново ја потенцираше важноста од ветингот, што неговата партија го турка во јавноста.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата