(Видео) Арсовски:Кога ќе биде повикан Заев во обвинителството?

25.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Арсовски:Кога ќе биде повикан Заев во обвинителството?

,,Зоран Заев и целото раководство на СДСМ се во длабок очај. Откако Јавното обвинителство и продолжената рака на Зоран Заев, Вилма Русковска ја потврдија веродостојноста на исказот на оштетениот што излезе во медиумите пред само два дена, целата криминална банда од СДСМ побрза да се заканува до медиумите со тужби до медиумите”, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, додека се закануваа вчера кон медиумите, никој од нив, ама баш никој не се осмели да објасни што правеле тие самите на средби со осомничените во случајот ,,Рекет”, што разговарале, дали и колку пари земале од изрекетираните бизнисмени и најважното, дали и зошто Зоран Заев ја опструирал истрагата?

,,Цели 4 месеци, Вилма Русковска го имала исказот на оштетениот и не се ни осмелила да ги повика на разговор ниту Заев, ниту Шекеринска, ниту фамилијата Ременски, ниту пак синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, ниту пак никој друг од раководството на СДСМ кој што на било каков начин е инволвиран во целиот случај.Да потсетиме дека истата таа Вилма Русковска заради исказ на обвинет во случајот со 27-ми бараше да им се изрече притвор на неколку лица, само заради тоа што беа спомнати во исказ на еден обвинет. Ете ги двојните стандарди на дело.

Прашуваме кога ќе биде повикан Зоран Заев во обвинителството и да каже како го штител Бојан Јовановски и да каже зошто ја опструирал истрагата?Кога ќе биде повикана Радмила Шеќеринска да даде исказ во обвинителството што разговарале со Боки 13 кај него дома и што правел нејзиниот сопруг во домот на оштетениот?Кога ќе биде повикана фамилијата Ременски која се заканува со апсење на социјалните мрежи?Кога ќе биде повикан синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, и да каже на кој начин ги склучувале договорите за рекламирање на бизнисмените и компаниите со телевизијата.СДСМ и Зоран Заев се готови.

Истрагата се води многу штуро и многу непрофесионално. Но, затоа сепак голема среќа што јавноста врши огромен притисок што побрзо да се разреши.Бараме веднаш, ама веднаш да бидат повикани и да дадат исказ сите инволвирани во случајот Рекет.Обрачот се стега околу главата на криминалниот октопод. Зоран Заев е на самиот крај на политичката кариера. Одговорност мора да има за сите и потребни се предвремени парламентарни избори кои ќе донесат обнова на Македонија!”, додаде тој.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата