Пожар во селото Опејнца, чадот се шири накај Охрид

25.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пожар во селото Опејнца, чадот се шири накај Охрид

Пожар од вчера попладне го зафати селото Опејнца, кое се наоѓа на 8 километри од Охрид, а силниот чад се шири накај градот. Екипи на Противпожарната единица од вчера се на терен, но велат дека тешко оди справувањето со огнената стихија.

Горат смрека и борови, но поради тешко пристапниот планински терен, отежнато е гаснењето на пожарот во шумата. За гаснењето на огнот се ангажирани две возила на Противпожарната единица, а вклучени се и екипи од шумската полиција.

Жителите на Охрид ноќеска спиеја со затворени прозорци и врати поради чадот кој се ширеше над градот, а тешка миризба се чувствува и утринава.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата