Вучиќ: Пред Србија е тешка есен и компликувана зима

25.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ: Пред Србија е тешка есен и компликувана зима

Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека не може да ги толкува или да зборува за важноста на неговите посети на САД, но дека секој разговор со американски официјални претставници е важен затоа што пред Србија „не е лесна есен, ниту пак едноставна зима“.
       
,,Ова не се лесни и едноставни работи за нас, ќе има проблеми”, рече Вучиќ, кој во САД имал серија состаноци за Косово и Метохија.
        
Ќе се бориме во тешки услови, нема да биде лесно, ќе видиме како ќе изгледа сè. Секако, не очекуваме лесни денови, ниту лесна есен, ниту едноставна зима за нас”, рече Вучиќ.
        
Според него, опозицијата не разбира што се случува во Србија.,,Нивната смисла за бавење со политика е мене да ме нервираат, додека за мене тоа е просперитетот на Србија”, рече Вучиќ.
        
Говорејќи за нападите врз Србите во Хрватска, Вучиќ истакна дека е страшно тоа што се случи последните денови и додаде дека Србија ќе им помогне на своите луѓе кои живеат во таа земја.
        

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата