Облакодер во Пекинг продаден онлајн за 734 милиони долари

24.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Облакодер во Пекинг продаден онлајн за 734 милиони долари

Облакодерот во Пекинг со 39 катови, кој му беше одземен на милајардер – бегалец, е продаден за 734 милиони долари на онлајн аукција. Облакодерот инспириран од змејови има една необична приказна за раскажување.
        
Сместен во близина на стадионот „Птичје гнездо“, тој има кула висока 629 метри која беше завршена во 2008 година, во област која беше изградена за Олимпијадата во Пекинг.

Властите ја презедоа сопственоста на облакодерот во 2016 година од компанијата за недвижности која ја контролирал прогонетиот кинески милијардер Гуо Венгуи.Судот во Пекинг тогаш ја ставил зградата на аукцијана веб-страница управувана од гигантот за е-трговија, Алибаба.
        
Венгуи, кој е обвинет за корупција и живее во САД од 2014 година, кинеските власти го бараат за низа обвиненија, вклучително и измама и мито.Голем дел од неговиот имот е замрзнат или конфискуван од страна на кинеската влада.
        
Имотот на крајот бил продаден за нешто помалку од 5,19 милијарди јуани или 734 милиони американски долари, само 708 илјади долари над првичната понуда.
        
Само двајца понудувачи се пријавиле на аукцијата, иако повеќе од 150.000 луѓе се регистрирале за да ја гледаат продажбата на Интернет.Купувачот е идентификуван како компанија за недвижнини во Пекинг – Јухенг Зије.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата