(Видео) Во Чеченија претставена најголемата џамија во Европа

24.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Во Чеченија претставена најголемата џамија во Европа

Властите на Чеченија ја претставија новата џамија на  церемонија на која присуствуваа бројни високи гости. Наречена по пророкот Мухамед, џамијата може да прими 30.000 луѓе, а чеченските власти ја опишаа како „најголема и најубава“ во Европа.

Џамијата е обложена со бел грчки мермер однадвор и одвнатре, а украсена е со чисто злато. Големиот лустер во форма на лотос е украсен со сваровски кристали.

Локалните власти исто така соопштија дека во дворот на џамијата може да собере дополнителни 70.000 верници.

 

Градбата на џамијата траела седум години , а свечено ја отвори претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров. Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров рече дека џамијата, која се наоѓа во градот Шали, е „со уникатен дизајн, фасцинантна по големина и убавина“.

Кадиров на отворањето ги замоли граѓаните во негова чест, кога ќе почине, да изградат мала џамија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата