Премиерката Виорика Данчила кандидат за претседател на Романија

24.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Премиерката Виорика Данчила кандидат за претседател на Романија

Романската владејачка Социјалдемократска партија потврди дека актуелната премиерка Виорика Данчила ќе биде кандидат на партијата на претседателските избори во Романија на 10 ноември. Како единствен кандидат на партискиот конгрес, Данчила доби едногласна поддршка од 1.000 партиски членови.

Најновите анкети покажуваат дека избраниот претседател Клаус Јоханис е фаворит на изборите, кој би освоил 42 проценти од гласовите.

Според анкетите на јавното мислење, другите четири кандидати би добиле меѓу 10 и 13 проценти, додека Данчила би завршила на шесто место со можни осум проценти од гласовите.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата