Четворица повредени во сообраќајка во која учествувало и возило на МВР

24.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Четворица повредени во сообраќајка во која учествувало и возило на МВР

Четири лица се повреднеи во сообраќајна несреќа во Скопје. Како што информира полицијата, вчера во 14.43 часот на ул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од Д.Б.(23) од Скопје и „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувана од А.М.(39) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле Д.Б. и уште еден сопатник од „голфот“ и двајца сопатници од возилото „киа“ на кои им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата