Еден од најпознатите модели во светот, Хајди Клум повторно се мажи, и тоа за 16 години помладиот избраник, музичарот Том Каулиц. Таа кажа дека го одредиле датумот на нивната венчавка.

View this post on Instagram

I SAID YES ❤️

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) on

„Да, мислам дека го одредивме точниот ден кога ќе застанеме пред олтарот, но ќе дознаете повеќе за тоа подоцна”, рече Хајди за „Ентертејмент тунајт“ и истакна дека сè се одвива според планот.

„Двајцата сме Германци и многу сме организирани, сè ќе биде на време готово како што одредивме”, кажа 45-годишната Хајди, која се сврши со поранешниот член на групата „Токио Хотел“ на крајот на декември 2018 година.

View this post on Instagram

You make me feel like dancing 💃🏼🕺🏼❤️

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) on

Хајди зад себе има два брака, со музичарот Сил и Рик Пипин. Но и покрај тоа, дизајнерката и модел тврди дека сè уште верува во љубовта. „Двапати се венчавав, јас сè уште верувам во љубов и брак, иако направив две грешки. Се чини дека ова навистина не функционира за мене, но најдов одлична личност, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите”, заклучи Хајди.

извор: Makfax

0

Најчитани вести