Шест милиони евра ќе го чинат Косово вонредните парламентарни избори

24.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шест милиони евра ќе го чинат Косово вонредните парламентарни избори

Потребни ќе бидат околу шест милиони евра за одржување на предвремени парламентарни избори во Косово, се согласија денеска претставниците за буџетот на Косово и Централната изборна комисија во земјата.

Советникот на министерот за финансии, Љуљзим Рафуна изјави дека сега се очекува мислењето на Уставниот суд на Косово за надлежностите на Владата по оставката на премиерот, бидејќи средствата не може да се пренесат во ЦИК до мислењето на Уставниот суд.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата