Шокантно ВИДЕО: Го убил братот, и ладнокрвно го возел во количка

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шокантно ВИДЕО: Го убил братот, и ладнокрвно го возел во количка

Безбедносните камери во Шабац го снимиле 20 годишниот Богдан , кој го вози во количка телото на својот брат 24- годишниот Игнат по улиците на градот. Снимката , што ја објави српски телеграф била снимена на 20 – ти овој месец околу 3 часот по полноќ.

На снимката се гледа како момчето ја бутка количката со телото на братот непосредно пред да биде запрен од полицијата. Во еден момент Богдан се врти околу себе додека ја турка количката низ мирна улица во Шабац.

Убиството се случило утрото во понеделникот , кога помалиот брат го убил постариот во собата на семејната куќа додека родителите биле отсутни.Го тепал со боксер , а потоа го избодел со нож и го скрил во гаражата , чекајќи да се стемни.

Ноќта се обидел да го однесе подалеку од местото на убиството.  Иако забележале крв кога се вратиле , родителите не се посомневале дека се случило злосторство.

Инаку , станува збор за нарушени семејни односи , а браќата се внуци на познатиот српски сликар Милиќ од Мачва.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата