Експрес.мк му постави серија прашања - Ременски НЕ ДЕМАНТИРА најава за апсења од понеделник (ФОТО)

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Експрес.мк му постави серија прашања - Ременски НЕ ДЕМАНТИРА најава за апсења од понеделник (ФОТО)

Серија таинствени пораки на Фејсбук го запалија алармот во јавноста дека од понеделник МВР и Владата планираат серија апсења. Причина за загриженоста дека власта може да влезе во процес на приведувања за да ја дефокусира јавноста од аферите Рекет, Дудуш и Леонардо е шефот управата во МВР задолжена за борба со тероризам, Јовче Ременски, напиша експрес.мк. 

Ременски кој е сопруг на потпретседателката на Собранието Фросина Ременска во моментов е началник на Управата за заштита од тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија.
Началникот Ременски објавува пораки на Фејсбук кои асоцираат дека Владата најавува апсења од понеделник, пишува експрес.мк.

Веднаш му упатија јавно прашање на Ременски дали неговата најава е за апсење за аферата Афис, што тој не го демантира.

Целата преписка меѓу експрес.мк и Јовче Ременски е во продолжение.

Досега во демократската историја на европските полиции не се случило шеф на Антитероризам во некоја држава јавно да објавува пораки во кои асоцира на апсења.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата