Над 1.000 милијарди долари се во РИЗИК: Трамп нареди американските компании да ја НАПУШТАТ КИНА!

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Над 1.000 милијарди долари се во РИЗИК: Трамп нареди американските компании да ја НАПУШТАТ КИНА!

Американскиот претседател денеска изјави дека им наредил на компаниите од САД да ја напуштат Кина , откако Пекинг најави воведување царини на американската стока во износ од 75 милијарди долари.

Со оваа објава се продлабочи трговската војна меѓу двете најголеми светски економии. Трамп денеска се зсретнал со главните функционери за американската економија , изјавил за Ројтерс функционер од Белата куќа.

„Не ни треба Кина и искрено, ќе биде многу подобро без нив. Огромните пари што Кина ги заработи и украде од Соединетите држави, од година во година, со децении, мора да престане!“ напиша Трамп на Твитер.

„Затоа на нашите моќни американски компании им е наредено веднаш да бараат замена за Кина, вклучително и враќање дома и правење на нивните производи во САД“, додаде тој.

Не е јасно според кој закон Трамп би можел да им нареди на американските компании да престанат со работа во Кина или да престанат да купуваат одредени производи од таа земја.

Трамп исто така рече дека им наредил на американските поштенски компании, како што се „Федекс“, „Амазон“, „УПС“ и „Поштенската служба на САД“ да ја суспендираат испораката на сите пратки што содржат опиоид фентанил во Соединетите држави.

Во петокот, Кина објави дека , како одмазда на американските мерки , ќе наметне тарифи на американската стока вредна 75 милијарди американски долари, вклучително и за суровата нафта.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата