Во домот на скопјанец пронајдени 73 куршуми, Обвинителството бара куќен притвор

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во домот на скопјанец пронајдени 73 куршуми, Обвинителството бара куќен притвор

Скопското обвинителство бара куќен притвор за 38-годишен скопјанец, кој е осомничен за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Од Обвинителството велат дека осомничениот во својот дом во Сингелиќ, неовластено кај себе држел 73 куршуми, од кои 67 парчиња од кинеско и 6 од албанско производство. Куршумите со калибар 7,62Х39 биле наменети за испалување од различни видови репетирачки, полуавтоматски и автоматски огнени оружја.

Предлогот за определување мерка куќен притвор е доставен до кривичниот суд.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата