Трамп им нареди на американските компании да ја напуштат Кина

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп им нареди на американските компании да ја напуштат Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека им наредил на американските компании да ја напуштат Кина, откако претходно Пекинг најави воведување на дополнителни царини на американските производи во вредност од 75 милијарди долари.

„Не ни треба Кина и искрено говорејќи би ни било подобри без нив. Мора да се стави крај на крадењето од САД и парите кои Кина ги заработи од нас“, напиша Трамп на „Твитер“.

„На силните американски компании затоа им е наредено веднаш да почнат да бараат замена за Кина, вклучувајќи ја и опцијата да се вратат дома и да работат во САД“, додаде Трамп во низата твитови.

Не е јасно според кој закон, Трамп би можел да им нареди на американските комапнии да прекинат да произведуваат во Кина или да сопрат со набавка на одредени производи од оваа земја.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата