Кина најави нови царини за увоз од САД

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кина најави нови царини за увоз од САД

Кина најави нови царини на американскиот увоз во вредност од 75 милијарди долари, возвраќајќи му на Вашингтон со иста мерка во спорот што веќе со месеци ја тресе светската економија. Пекинг ќе воведе тарифи кои се движат од 5 до 10 проценти на 5.078 американски производи, вклучувајќи соја, сурова нафта и мали авиони, од почетокот на септември или средината на декември.

Најавена е и давачка од 25 проценти за увоз на автомобили во САД, како и данок од 5 проценти на увоз на делови за автомобили што ќе стапи на сила на 15 декември.

„Американските тарифи доведоа до постојана ескалација на превирањата во кинеско-американските економски и трговски односи, кршејќи ги договорите постигнати во Аргентина и во Осака“, се вели во соопштението на кинеската царинска управа.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за кинескиот увоз во вредност од 250 милијарди долари, и најави две нови тарифи на дополнителни 300 милијарди долари за увоз на кинески производи на почетокот на септември и средината на декември.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата