Македонија плаќа академија, но НЕМА АКАДЕМИЦИ - Им го менуваат националното име а тие молчат

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Македонија плаќа академија, но НЕМА АКАДЕМИЦИ - Им го менуваат националното име а тие молчат

Во вторник, 30.08.2019, во собраниската Комисија за oбразование, наука и спорт, ќе се дискутира за Предлог – законот за изменување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите. 

Со овој Предлог закон се предвидува името на Македонската академија на науките и уметностите да се промени во „Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија-МАНУ“.

ПРЕДЛОГ - ЗАКОН за изменување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите

Член 1 Во Законот за Македонската академија на науките и уметностите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/96, 5/09 и 59/12) насловот „Закон за Македонската академија на науките и уметностите“ се менува и гласи „Закон за Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија-МАНУ“.

Член 2 Во членот 1 зборовите „Македонската академија на науките и уметностите“ се заменуваат со зборовите „Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија-МАНУ“.

Член 3 Во член 2 во ставот 1, член 9 во ставот 2, член 12 во ставовите 1, 2, 3 и 4, член 20 во точката 7, член 26-а во ставот 2 зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“.

Предлогот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, точката да се симне од дневен ред – не е усвоен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата