Героски: Не ги трпам Катица и Фатиме од прв поглед

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Героски: Не ги трпам Катица и Фатиме од прв поглед

Новинарот Бранко Героски синоќа беше гостин во емисијата на Јанко Илковски. Тој рече дека ликовите кои беа спомнувани во бомбите пред Ел Чека денеска не постојат на албанската политичка сцена, тие се тргнати преку ноќ. 

Бранко Героски, кој вчера гостуваше во емисијата „Јади бурек“ кај Јанко Илковски дебатираше и на темата „Рекет“. Покрај аферата Рекет, Героски зборуваше за лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груески.

Зошто токму Катица Јанева, анонимна обвинителка од Гевгелија, со академски просек 6,2, понижување за врвните правници во државата, беше избрана да застане на чело на Специјалното јавно обвинителство, зад кое стои меѓународната заедница? Зошто таа меѓународна заедница дозволи угледот да ѝ го загрози да ѝ се загрози медиокритет во правничките кругови.

-И мене не ми беше јасно зошто тој процес беше така воден, зашто јас и Катица и јас и Фатиме сме нетрпение на прв поглед. Запрашав еден поранешен политичар „Кај ја најдовте баш оваа Катица од некоја си Гевгелија со просек 6,2“. Тоа беше ден откако Катица тропаше во МВР „отвори, отвори“. И тој ме праша: Геро, ти да си специјален јавен обвинител, ќе отидеш да тропаш на врата во МВР и да викаш „отвори“? Му реков не сум будала, вели Героски.

Во врска со албанскиот фактор, Героски истакна дека Али Ахмети ќе го повтори гамбитот, односно она што го направи со Никола Груевски.

-Кој е виновен што Никола Груевски не е премиер освен Никола Груевски самиот? Али Ахмети. Чашата на трпението на Али Ахмети почна да се прелева уште во 2010 година. Ахмети во политиката го нарекуваат стар чекалец. Тој ќе чека, ќе трпи, а не се глупави луѓето, знаат дека Ел Чека е само извршител, а изворот на тој токсичен материјал не е во Вашингтон, тој е во Скопје, бомбите се тука направени и од тука потекнуваат.

И не очекувајте дека албанскиот фактор тоа така ќе го заборави и ќе го прости, зашто во албанската заедница изнесувањето на валканиот веш од приватна, интимна природа има посебна тежина. Кај нас може и да пројде, но кај Албанците тоа е поинаку, многу подевастирачки. Ликовите кои беа спомнувани во бомбите пред Ел Чека денеска не постојат на албанската политичка сцена, тие се тргнати преку ноќ.

Каде е Муса Џафери, сте чуле нешто за него? Не постои. За тие жртви фактурата ќе стаса еден ден на масата на оној за кој Али Ахмети ќе се убеди или ќе помисли дека оттаму тргнале бомбите, рече Героски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата