ЕУ го поддржа повикот на Макрон пожарот во Амазонија да биде тема на самитот Г7

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕУ го поддржа повикот на Макрон пожарот во Амазонија да биде тема на самитот Г7

Европската унија го поддржува предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон прашањето за пожарот во Амазонија да се постави на агендата на самитот на Г7 што ќе се одржи во Франција за време на викендот.

„Нашата куќа гори. Буквално гори Амазонија, белите дробови на нашата планета, кои произведуваат 20 проценти од достапниот кислород на планетата. Тоа е меѓународна криза. Членови на Г7, ќе се видиме за два дена и ќе разговараме за ова прашање“, напиша Макрон на „Твитер“.

Портпаролот на Европската комисија, Мина Андреева, денеска изјави дека Комисијата е длабоко загрижена, додавајќи дека Амазонија е најголемата дождовна шума во светот каде што живее една десетина од вкупниот животински и растителен свет на нашата планета.

„Европската комисија ја поздравува иницијативата на Макрон“, рече Андреева, укажувајќи на потребата за итна акција.

Европската унија е подготвена да помогне и да го остапи својот сателитски систем за Бразил и Боливија, пренесе агенцијата АП.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата