(Видео) Ким Кардашјан призна дека е позната благодарение на Парис

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Ким Кардашјан призна дека е позната благодарение на Парис

Пред да стане позната, Ким Кардашјан (38) учествувала во реалното шоу на богатата наследничка, нејзината врсничка Парис Хилтон, а често правела и некои понижувачки работи за да се здобие со слава.

Токму тоа Ким го призна во промо видеото за 17-тата сезона на реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“. Во исечокот од видеото може да се види нејзиниот разговор со сестра ѝ Клои Кардашијан за снимање на спотот за новата песна на Париз „Best Friend’s Ass“.

„Чувствувам дека ѝ должам услуга. За неа би направила сè. Таа буквално ми даде кариера и јас го признавам тоа. Се обидувам да направам сè пред „Мет гала“ и пред да се роди бебето, но би оставила сè заради неа затоа што ми е важно да бидам лојална на луѓето“, рече Ким на коментарот на сестра ѝ Клои дека е убаво што решила да учествува во спотот на Парис.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата