Почеток на детската и младинска програма на „Македокс“

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почеток на детската и младинска програма на „Македокс“

Програмата на фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“ денеска ќе биде одбележена со почетокот на Детската и Младинската програма.

Во 19 часот во Младинскиот културен центар ќе се случи првата од четирите премиери на филмовите на „Докуникулци“.

Како што велат од организаторите на фестивалот, честа да го разбие мразот ја има краткиот документарец „Низ објективот на копнежот“ на Розе Симоновска.

Вечерта ќе ја одбележи уште една премиера на македонски документарец и на платото пред Куршумли-ан во 22.30 публиката премиерно ќе има можност да го види филмот „Господата од Современа“ на Ана Алексовска.

Во програмата на филмови од странски автори ќе може да се видат „Градот наречен желба“ на Питер Зак и контроверзниот „Која е Ева?“ на Пиа Хелентал, додека во киното „Милениум“, а како најава на утрешниот мастер-клас, ќе се одржи проекцијата на „Акварела“ на Виктор Косаковски.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата