Во Грција уапсен маж поради убиство на соседите

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Грција уапсен маж поради убиство на соседите

Полицијата во северниот дел на  Грција денес уапси маж (42), осомничен за убиство на двајца соседи по расправија околу паркирањето.

Тоа се случи во градот Крисополис, недалеку од Кавала, на околу 180 километри источно од Солун, пренесува АП.

Се тврди дека убиецот и неговиот сосед биле во лоши односи веќе подолго време поради кавгата за тоа каде убиениот ќе го паркирал својот камион.

Расправија меѓу соседите избувнала кога убиениот сосед го паркирал камионот во близина на куќата на осомничениот, по што со пушка ги убил соседот и неговата 67-годишна мајка.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата