НАПРАВИ МАСАКР, ГО ГРЕБНАА СО КАЗНА: Газдата на „Воденица“ треба да плати 2.000 ЕВРА ЗА „КАСТРЕЊЕТО“ ДРВЈА (ВИДЕО)

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАПРАВИ МАСАКР, ГО ГРЕБНАА СО КАЗНА: Газдата на „Воденица“ треба да плати 2.000 ЕВРА ЗА „КАСТРЕЊЕТО“ ДРВЈА (ВИДЕО)

На приватен сопственик на парцелата на улицата „Народен Фронт“ во Скопје му била изречена казна од 2000 евра за кастрење дрвја, спротивно на добиената дозвола, велат од Град Скопје.

Откако на социјалните мрежи почна да се шири видео во кое се гледаат искастрени“ дрвја, комуналните инспектори излегле на терен каде ги сопреле активностите и напишале казна.

Претходно, на Фејсбук беше објавена видео-снимка од случајот, која потоа беше споделена од Фејсбук страната на Инспекторатот на Град Скопје.

На снимката се гледаат неколку дрвја кои излегуваат од една тенда, а нивните крошни се целосно искастрени. Дозволата која ја добиле од Градот била за „кастрење на дрва и гранки (кроење на крошни).“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата