Германскиот автомобилски гигант го менува логото

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германскиот автомобилски гигант го менува логото

Германскиот автомобилски гигант Фолксваген (VW) го претстави новото лого со кое сака да се изгради имиџ на компанија ангажирана за заштита на животната средина и да се огради од скандалите со фалсификување податоци за издувните гасови на дизел возилата од 2015 година.
        
„Компанијата е на пат кон мобилносот без емисија на штетни гасови“, рече менаџерот на брендот, Ралф Брандстаетер, додавајќи дека со новото лого сакаат повторно да изградат добра репутација за компанијата.
        
Тој рече дека целта на германскиот производител на автомобили е да стане светски лидер во е-мобилност и да продаде еден милион електрични возила годишно до 2025 година.
        

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата