Дубровник: Рекордна количина на марихуана запленета во автобус на туристичка агенција

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дубровник: Рекордна количина на марихуана запленета во автобус на туристичка агенција

Рекордна количина од 342 килограми марихуана е запленета на граничниот премин Карасовиќи кај Дубровник.

Полицискиот оддел Дубровник-Неретва ја прогласи оваа заплена на својата територија за најголема во текот на годинава, пренесува хрватскиот портал „Индекс“.

Вредноста на запленетата дрога се проценува на пет милиони куни (околу 675.000 евра), односно 2 милиони евра при малопродажба на црниот пазар.

„Автобусот кој бил регистриран на туристичка агенција од Дубровник, бил управуван од 49-годишник од овој град, кој кај службениците предизвикал сомнеж поради неговата нервоза“, беше објавено на прес-конференција.

Полициските службеници забележале 17 торби, а на прашањето што содржат, возачот рекол дека тоа е спортската опрема на екипа од Бразил која ја носи во Црна Гора, соопшти првиот човек на Службата за криминалистичка полиција, Зоран Тиквица.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата