Се потврдува ли апартманот на Катица како поткуп?

Жарко Луковски стои зад луксузните апартмани во Грција што ги изградил негов пријател!?

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жарко Луковски стои зад луксузните апартмани во Грција што ги изградил негов пријател!?

Комплексот наречен „ЕОС Луксузни апартмани“, лоциран во Касандра, првиот крак на Халкидики, е во сопственост на македонски државјанин, пишува порталот Фокус.мк

Според податоците што ги обезбеди „Фокус“, станува збор за зетот на некогашниот „крал на тутунот“ Данчо Шутурков, Ристо Секуловски, кој воедно е и долгогодишен близок пријател на поранешниот прв извршен и оперативен директор на „Македонски телеком“, Жарко Луковски, чиј кум, пак, е екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков.

Откако ни потврди дека неговата фирма го поседува комплексот покрај Егејско Море, Секуловски нè упати директно Луковски да го прашаме дали има каков било удел или поврзаност со овој имот, меѓутоа тој остана недостапен за коментар

Да потсетиме, пред извесно време порталот Вечер пишуваше, повикивајќи се на извори до Србија, дека шефицата на СЈО Катица Јанева како поткуп во аферата рекет за еден од случаите кои се привилегирани добила апартаман-стан на Халкидики. Жарко Луковски, поранешен директор на Телеком Македонија, е во предметот на СЈО наречен Базни станици.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата