Три вреќи марихуана пронајдени во „мерцедес“ во Тетово

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Три вреќи марихуана пронајдени во „мерцедес“ во Тетово

На тетовската улица „Илинденска“, на 22 август, полицајци при преглед на автомобил „мерцедес“ со скопска регистрација пронашле околу 20 килограми марихуана.

Како што информираат од МВР, „мерцедесот“ бил управуван од 21-годишник од Дебар, а сопатник бил негов 27-годишен сограѓанин.

При преглед на автомобилот, зад возачкото седиште и во багажникот биле пронајдени три вреќи со марихуана со вкупна тежина од околу 20 килограми, кои биле одземени и дадени на вештачење.

Двајцата дебрани биле уапсени и задржани во полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата