Стефанова: Моите овластувања се уште се важечки ИАКО ЈАНЕВА Е ВО ПРИТВОР!

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стефанова: Моите овластувања се уште се важечки ИАКО ЈАНЕВА Е ВО ПРИТВОР!

Откако адвокатите и обвинетите во случајот „Титаник“ денеска побараа судењето да прекине, бидејќи шефицата на СЈО Катица Јанева е во притвор, судијата Осман Шабани го одложи рочиштето.

Одбраната образложи дека останатите обвинители не се надлежни да ги водат судењата, односно дека единствената која е надлежна е Јанева, а таа е во притвор. Па така истакнаа дека обвинителката Лиле Стефанова не може повеќе да го застапува предметот.

Обвинителката Стефанова истакна дека таа се уште има овластување, но и таа побара одложување на рочиштето за да може да се произнесе.

-Беа изнесени сериозни околности од одбранат и побараа одлагање на денешното рочиште. Како јавен обвинител сметам дека моите овластувања се уште се важечки иако е факт дека Катица Јанева е во притвор.

Сепак барам да се одложи денешната расправа и на следната расправа ќе се произнесам по наведените ставки за прекинување на постапката, рече обвинителката.

Наредното рочиште е закажано за 4 септември.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата