Ако вечерва на небото го видите овој знак, замислете желба и ќе ви се исполни

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ако вечерва на небото го видите овој знак, замислете желба и ќе ви се исполни

Денеска е Св. маченик Лаврентиј.
Времето на маченичката смрт на архиѓаконот на Римската црква Лаврентиј е годината 258. Во овој период христијаните во градот Рим се гонети особено жестоко, посебно епископите. Во текот на жестоките прогони во тоа време беше затворен и Лаврентиј. Во затворот се сретна со
некој долгогодишен затвореник Лукилиј, го исцели од слепило и го крсти.
А кога управникот на затворот Иполит дозна за ова и самиот поверува во Богот на Лаврентиј. Лаврентиј и во затворот никако не попушташе во исповедањето на Христа. Дури и императорот го прекори за неговата празна вера во идолите и го уверуваше дека христијанскиот Бог е
единствениот жив Бог. Лаврентиј беше ставен на тешки маки, на кои најпосле им подлегна. Неговите мошти ги зеде Иполит и ги погреба во една пештера. Три дена подоцна како христијанин беше погубен и управникот на затворот Иполит.

Поради тоа што секогаш бил  со ведар и весел дух, дури и во моментот на својата смрт, народот верува дека денеска треба што повеќе да се смеете.

Постои еден интересен обичај врзан за денот на Свети Лаврентиј. Бидејќи е август, кога паѓа и неговиот ден, познат по дождот метеори кои го разубавуваат небото, старите од дамнина говореле дека тоа се всушност солзите на Свети Лаврентиј. Се верува дека кој денеска види ѕвезда што паѓа, може да бара од овој светител исполнување на една желба. И тој сигурно ќе ја исполни.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата