ПРОТЕКОА ДОКУМЕНТИ: Нина Групер заведена во евиденцијата на МВР

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПРОТЕКОА ДОКУМЕНТИ: Нина Групер заведена во евиденцијата на МВР

Предлог министерката за финансии Нина Ангеловска во електронскиот систем на Министерството за внатрешни работи е заведена како сторител на кривични дела врз кој била поднесена кривична пријава – покажува документот кој до „Економски Лидер“ го достави свиркач од полицијата.

Ангеловска во МВР има досие со број 0104729/18, а во историјатот на кривични дела стои дека на 22.03.2018, таа сторила дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“, по кое и била поднесена кривична пријава. Останува непознато дали од ОЈО го процесуирале случајот и дали е осудена од судските органи и пресудиле за делото.

Нина Ангеловска, на вчерашниот состанок на централниот одбор на владејачката СДСМ беше предложена за функцијата Министер за финансии.

Инаку,  „Економски Лидер“ работи на истражување за измамничките походи на нејзината компанија „Групер“, во која има сериозни злоупотреби на даночниот систем во Македонија и злоупотреба на странски бренд. Податоците од нашето истражување ќе ги објавиме викендов.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата