Заев по ЦО на СДСМ: ВЕРВУВАМ ДЕКА НЕМА ГРЕШКИ кај високи функционери на СДСМ

22.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев по ЦО на СДСМ: ВЕРВУВАМ ДЕКА НЕМА ГРЕШКИ кај високи функционери на СДСМ

Премиерот Зоран Заев по ЦО на СДСМ вечерва изјави дека сите треба да внимаваат да не го кршат законот, без разлика кои се. 

Тој вели дека законите во државата владеат. Заев вели дека веќе никој не врши притисок. 

Премиерот верува дека за „Рекет“ нема инволвирани луѓе од партијата, но ако за некого има докази вели дека секој треба да одговара. 

Заев негираше дека разговарал со Боки 13 за Орце Камчев или Катица Јанева. 

Toj рече дека утре ќе достави предлог до Собранието за разрешување на Кире Наумов, заменик министер, а на негово место ќе биде назначен Кире Колемишевски, Нина Ангеловска ќе ја предложи за министер за финансии и уште неколку кадри. 

Заев верува во капацитетот на Ангеловска, а порача дека младите треба да се мотивираат да работат повеќе дома. 

Коста Петров, Мила Царовска, Оливер Спасовски, Мухамед Закири, Дамјан Манчевски се нови пет потпретседатели. 

На чело на комисијата Едно општество за сите застанува Ѓулумсере Касапи. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата