НОВ СКАНДАЛ: Откриени 16 фирми во кои инспекторот Шуменковски неовластено уништувал храна и пијалаци

22.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НОВ СКАНДАЛ: Откриени 16 фирми во кои инспекторот Шуменковски неовластено уништувал храна и пијалаци

Oхридскиот санитарен инспектор Новица Шуменковски неовластено уништувал храна и пијалаци во најмалку 16 фирми. Инспектори од Управата за финансиска полиција на овој случај работат од почетокот на месецов, по објавата на „А1он“ дека санитарниот инспектор неовластено уништувал храна и пијалаци со наводно истечен рок на траење, а фирмите врз основа на неговиот потпис си барале поврат на ДДВ од државата.

„Под сомневање дека неовластено се уништувале пијалаци нашите инспектори влегоа во една охридска фирма, но истрагата се прошири и сега имаме вкупно 16 фирми во кои се уништувале и пијалаци, но и храна која се заведувала како стока со истечен рок на траење, инспекторот потпишал дека треба да се уништи, а фирмите барале поврат на ДДВ“, велат од Управата за финансиска полиција.

Не ги откриваат имињата на 16 – те фирми во кои се вршело неовластеното уништување храна и пијалаци ниту пак кажуваат какви се прекршувања за законите утврдиле досега. Најавуваат целосно информации откако ќе ја комплетираат истрагата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата