Заев пред ЦО: Ќе има политичка одговорност за функционери ако истрагата покаже дека биле во „Рекет“

22.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев пред ЦО: Ќе има политичка одговорност за функционери ако истрагата покаже дека биле во „Рекет“

„Очекувам истрагата да покаже дали има и политички функционери инволвирани во аферата „Рекет“. Доколку истрагата покаже инволвираност на некои од функционерите тогаш секако дека ќе има политичка одговорност доколку тие не можат да jа докажат својата невиност. Ги охрабрувам истражните органи што побрзо да ја завршат истрагата“ изјави прмиерот Зоран Заев пред седницата на Централниот одбор на СДСМ.

Заев најави дека ќе се избираат и нови потпретседатели на СДСМ, а ќе се разгледуваат и други кадровски смени.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата