Мигрант од Ирак го прегази воз во Грција, додека спиел на шини

22.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мигрант од Ирак го прегази воз во Грција, додека спиел на шини

Грчката полиција го пронајде телото на мигрантот од Ирак кој го прегази воз близу турската граница.

Полицијата соопшти дека мигрантот најверојатно заспал на шините. Другиот мигрант од Ирак, кој успеа да избега и да спаси на време, изјави во полицијата дека човекот кој загинал спиел на шините.

Сето тоа се случило вчера, во близина на селото Апалос, недалеку од Александрополис, на североистокот на земјата, пренесува АП.

Преживеаниот мигрант ѝ рекол на полицијата дека двајцата влегле во Грција преку копнената граница со Турција.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата