Десет деца затруени од храна во Босна

22.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Десет деца затруени од храна во Босна

Десет деца со треска, дијареја и повраќање биле хоспитализирани утринава на Клиниката за инфективни болести на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС).
        
Според агенциите, две деца имаат тешка клиничка слика. Децата се згрижени со соодветна терапија и се под надзор на лекарите, соопшти КЦУС.
        
Претходно, медиумите објавија дека неколку деца кои престојувале во Центар за рекреација кај Олово, биле пренесени во КЦУС заради симптоми на труење со храна.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата