Детскиот кардиохирург Чадиковски премина да работи во „Аџибадем Систина“

22.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Детскиот кардиохирург Чадиковски премина да работи во „Аџибадем Систина“

Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски премина да работи во „Аџибадем Систина“. Како што соопшти Клиничката болница „Аџибадем Систина“, со потпишувањето на договорот со Чадиковски се создадени услови за изведување на сите видови срцеви интервенции кај деца.

,,По потпишувањето на договорот на единствениот лиценциран кардиохирург за деца во земјава, д-р Владимир Чадиковски, со Клиничката болница „Аџибадем Систина“ очекуваме соодветна институционална поддршка од здравствените власти”, се додава во соопштението.

Чадиковски кон почетокот на месецов даде отказ од „Жан Митрев“, болницата со која државата има склучено таканаречено „некласично“ јавно приватно партнерство. Освен Чадиковски, откази дадоа и останатите членови на тимот кои кон почетокот на годинава преминаа од државната клиника во болницата „Жан Митрев“, како дел од јавното – приватно партнерство што го најавија Министерството за здравство и Фондот за здравство.

Неофицијално, тие ги дадоа отказите поради неисполнетите услови што претходно им биле ветувани на докторите и персоналот кој од државната клиника премина во приватната, како и за различните концепти на функционирање. Од Министерството за здравство изјавија дека овие откази нема да променат ништо и дека договорот со „Жан Митрев“ останува, односно таму ќе продолжат да се вршат кардиохирушки интервенции на деца.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата