Мицотакис: Правата на Грците во Албанија се услов за ЕУ интеграцијата

22.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицотакис: Правата на Грците во Албанија се услов за ЕУ интеграцијата

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис изјави дека почитувањето на правата на грчкото малцинство во Албанија е услов за земјата да добие датум за преговори  со Унијата.

„Главната загриженост на грчката влада и моја лична загриженост е ефикасната заштита на малцинските права на грчкото национално малцинство во Албанија што е услов за почеток на преговорите за интеграција на Албанија во ЕУ“, се наведува во писмото на грчкиот премиер Мицотакис.

Тој додава дека грчката влада и Нова демократија отсекогаш биле на страната на грчкото малцинство во Албанија.

Истовремено шефот на грчката дипломатија додаде дека билатералните односи помеѓу двете земји дополнително ќе се развиваат и засилуваат.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата