Водовод во акција за исклучување на диви приклучоци во Сарај

22.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Водовод во акција за исклучување на диви приклучоци во Сарај

Во текот на денешниот ден ЈП Водовод и Канализација – Скопје заедно со комунални инспектори од Град Скопје спроведуваат акција за исклучување на диви приклучоци на територијата на општина Сарај.

„Покрај многубројните апели за разумно и рационалното користење на водата во периоди на високи температури како и информациите за зголемена потрошувачка на водата упатени до граѓаните, ЈП Водовод и Канализација – Скопје регистрираше голем број на диви приклучоци кои дополнително ја оптеретуваат мрежата и вршат злоупотреба на истата. Акцијата ќе продолжи и во наредниот период се до целосно нормализирање на состојбата“, велат од Водовод.

Оттука апелираат за разумно користење на водата од страна на сите граѓани на целата територија на град Скопје.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата