ВИДЕО ОД ЛИЦЕ МЕСТО - ИЗГОРЕ АВТОБУСОТ ВО ЃОРЧЕ

22.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВИДЕО ОД ЛИЦЕ МЕСТО - ИЗГОРЕ АВТОБУСОТ ВО ЃОРЧЕ

Двокатен автобус на ЈСП Скопје што сообраќал на линијата со број 5 утрово се запали на улицата Ѓорче Петров, во близина на општинската зграда. Меѓу патниците во автобусот нема повредени, велат од Град Скопје. 

 

Оттаму уште додаваат дека шестмина пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје веднаш пристигнале кај запалениот автобус, со две возила, а нивната брза интервенција овозможила огнот да биде изгаснат и да не се предизвикува дополнителна штета.

 

Според сведоштвото на возачот, еден од патниците што се возел на горниот кат, алармирал дека се појавил чад. Возачот веднаш го застанал автобусот, ги симнал патниците и се обидел сам да го изгасне пожарот со противпожарен апарат, но не успеал, па ги повикал пожарникарите кои веднаш дошле на местото на настанот и проширениот пожар го ставиле под контрола и го изгаснале. Екипите на Министерството за внатрешни работи вршат увид на местото на настанот и ќе утврдуваат причините за пожарот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата