Реконструиран дел од улицата Ѓорче Петров

22.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реконструиран дел од улицата Ѓорче Петров

Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на дел од улицата Ѓорче Петров, на потегот од општинската зграда до објектот на „Баумаркет“, а градежните работи за обнова на оваа фреквентна сообраќајница продолжуваат со засилено темпо, се до бензинската пумпа на Макпетрол.

На реконструираниот дел изминатиов период беше отстранет стариот и оштетен асфалт, беше нанесен нов асфалтен слој и беше обележана хоризонталната сигнализација. Во наредните денови, градежни работи ќе се одвиваат на делот до бензинската пумпа на Макпетрол. Целосната реконструкција на улицата Ѓорче Петров се очекува да заврши пред крајот на летото.

Градот Скопје со овој градежен зафат ќе ја реконструира улицата Ѓорче Петров на должина од околу 1.500 метри, на потегот од општинската зграда до бензинската на Макпетрол. Целта е да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот и да се намали метежот.
Додека траат градежните работи, апелираме до граѓаните да ја почитуваат поставената патна сигнализација на улицата и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата