За шест часа напишани повеќе од 60 казни за возачи на мотоцикли

22.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За шест часа напишани повеќе од 60 казни за возачи на мотоцикли

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 21.08.2019 во периодот од 18:00 до 24:00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје. Притоа, откриени се 49 возачи на мотоцикли кои сториле прекршоци и издадени им се исто толку прекршочни платни налози.
Откриени се и 20 останати прекршоци за кои се издадени 10 прекршочни платни налози и 10 мандатни платни налози.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата